Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

Учениците во иднина би можеле да остануваат во училиште од 8 до 16:30 часот, со редовна настава, дневен престој, секции и време за домашните задачи, најави министерката за образование Весна Јаневска.

Според неа, целта е по завршувањето на училишниот ден децата да немаат дополнителни обврски дома, а времето во училиште да го користат и за спорт, странски јазици, балет и други активности.

Јаневска вели дека над половина од училиштата во земјава веќе работат во една смена – 583 основни и 37 средни, а најголем проблем останува Скопје поради недостигот од простор и постојаното зголемување на бројот на ученици.

Министерката најави дека вишокот наставен кадар што се појавува со спојувањето на паралелките ќе се користи за воведување целодневен престој, при што, како што посочи, ниту еден наставник вработен на неопределено време не останал без работа.

Back to top button
Close