Артан Груби и Перпарим Бајрами повторно седнаа на обвинителна клупа, продолжува судењето за ,,Лотарија”

Денешното рочиште за случајот ,,Лотарија”, во кој обвинети се екс вицепремиерот Артан Груби и поранешниот директор на ,,Лотарија”, Перпарим Бајрами, денеска продолжува со изведување на доказите на Обвинителството.

Покрај Груби и Бајрами, во случајот обвинети се и Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу.

На претходните рочишта сите обвинети се изјаснија за невини.

Јавното обвинителство најави изведување на 231 материјален доказ, повеќе вештачења и сослушување на седум сведоци.

Обвинението, кое го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, се однесува на дејства преземени во текот на 2023 и 2024 година, со кои обвинетите ги пречекориле службените овластувања и предизвикале штета на „Државната лотарија“ во износ од 9,7 милиони евра.

Во овој случај, за време на истрагата, првичното дело „Проневера“ за кое се гонеа обвинетите и за кое се запретени високи затворски казни, беше преквалификувано во „Злоупотреба на службената положба“, бидејќи истрагата не обезбедила доволно докази за проневера. За ова дело е предвидена казна од една до пет години затвор.

Судењето е во тек.

Back to top button
Close