ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен, денес имаме 7.000 денари повисоки пензии и редовна исплата

Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што се мерливи со бројки, а не со дневнополитички обвинувања и блед обид за собирање на политички поени на СДС, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ коешто МИА го објавува интегрално.
За помалку од две години, пензиите се зголемени за околу 7.000 денари, што е значително повеќе од зголемувањето од 540 денари во првите две години од мандатот на СДС.
СДС нема кредибилитет да зборува за пензиите. Во првите 2 години од доаѓањето на СДС на власт, од јуни 2017 година до јуни 2019 година, Заев и Филипче пензиите ги зголемиле за 540 денари.
За време на СДС и ДУИ, над 200 илјади пензионери примаа пензии под 14 илјади денари, а зголемувањата беа минимални и недоволни за реално подобрување на животниот стандард.
Денес, пензиите се исплаќаат редовно, а државата обезбедува средства за непречено функционирање на пензискиот систем. Затоа, наместо СДС да шири паника и да пласира политички конструкции, нека се соочи со фактите и со реалноста на пензионерите.
Пензионерите најдобро знаат како живееја во годините на владеење на СДС и ДУИ, а како живеат денес.
СДС е партија која нема економска стратегија за државата. Така беше во минатото, кога 7 години ги ограбија граѓаните, а државата ја оставија пред банкрот, а така е и денес, имаат само лаги и празни ветувања за граѓаните.
СДС и Венко Филипче намаат план за развој и економска визија на државата, немаат стратегија за привлекување нови инвестиции, за отворање на нови фабрики, нови работни места.
Со Владата на ВМРО-ДПМНЕ пензиите се повисоки, исплатата е редовна, а државата ги обезбедува потребните средства за стабилно функционирање на системот.
Пензионерите заслужуваат повисоки и редовно исплатени пензии, сигурност и достоинствен живот, а не политички игри со нивната егзистенција.
СДС да не ги злоупотребува пензионерите.






