70 случаи на западнонилска треска – Прв случај и во Тетово
Скопје продолжува да биде градот со најмногу регистрирани случаи на западнонилска треска, но заболувањето е забележано и во неколку други места во земјата. Според Институтот за јавно здравје, заклучно со 22 септември има вкупно 70 случаи.

Од нив 65 се потврдени, а пет се водени како веројатни според важечката дефиниција.
Во Скопје се евидентирани 63 случаи. Во Велес има три, а по еден случај е забележан во Куманово, Свети Николе и Кавадарци. Регистриран е и првиот случај во Тетово.
Речиси сите – 69 случаи – се автохтони. Еден случај е поврзан со патување во Грција, но инкубацискиот период вклучува и престој во Македонија.
Меѓу заболените доминираат мажите со 52 случаи (74,3 %), додека кај жените има 18 случаи (25,7 %).
Најпогодена е групата над 60 години – 57 случаи или 81,4 % од вкупниот број. Потоа следуваат седум случаи кај лица од 50 до 59 години, два кај лица од 40 до 49, еден кај лице од 30 до 39 и три кај лица од 20 до 29 години.
Просечната возраст на заболените е 66,5 години.






