Уапсена инспекторка од АХВ – барала пари за да издаде позитивен записник

Инспекторка од Агенцијата за храна и ветеринарство е приведена во полициска акција во Скопје под сомнение дека барала пари за да издаде позитивен записник при вршење инспекциска контрола, дознава неофицијално „Скопје1“ од извори во Министерството за внатрешни работи.

Според информациите на ппртачот инспекторката се сомничи дека ги користела службените овластувања за да прибави лична корист.

Сомнежите се дека при вршење контрола барала да ѝ биде доставена документација која не била потребна за конкретната постапка.

Потоа, сппред порталот, издавањето позитивен записник го условила со исплата на одреден паричен износ.

..повеќе

Back to top button
Close