Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење и со добар квалитет, соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Од страна на Секторот за санитарна контрола на „Водовод и канализација“ денеска биле земени 44 примероци од водоводната мрежа на град Скопје, од кои три примероци од бунарскиот потег Нерези-Лепенец.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговарале на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Back to top button
Close