MНР: Македонија присуствуваше на обраќањето на премиерот на Израел во ОН


Потврдуваме дека претставник на македонската делегација присуствуваше на обраќањето на премиерот на Израел пред Генералното собрание на Обединетите нации, се вели во одговорот на македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на прашањето на МКД.мк за наводното неприсуство на членовите на македонската делегација на обраќањето на Бенјамин Нетанјаху.

Израелски официјални лица објавија список на држави чии делегации биле отсутни или ја напуштиле салата кога израелскиот премиер почнал да зборува. Македонија е меѓу 77-те држави чии места биле празни во салата на Генералното собрание на Обединетите нации кога израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху започнал со своето обраќање, покажува списокот објавен од израелски официјални лица.

Десетици дипломати и делегати станаа од своите места и ја напуштија салата додека Нетанјаху се упатуваше кон говорницата. Снимките покажуваат дека значителен дел од салата се испразнил пред почетокот на неговото обраќање.

Back to top button
Close