Малолетничка прегазена од трактор во Радовишко

Шеснаесетгодишна малолетничка од радовишкото село Габревци вчера била прегазена од тракторска полуприколка откако паднала од тракторот, соопшти полицијата.

Според Хризантема Рендевска, портпаролка на СВР-Струмица, тракторот го управувал нејзиниот дедо Ѓ.А. (60) од истото село.

-Малолетничката паднала и била прегазена од полуприколката по што веднаш починала, соопшти Рендевска.

На местото на несреќата увид извршил јавен обвинител и екипа на Полициската станица од Радовиш.

Back to top button
Close