СДСМ: Граѓаните гледаат кој медиумски ја спонзорира платформата ЗНАМ 2.0 – покровителот е Мицкоски

Од демократската платформа сочинета од актуелни и поранешни функционери на СДСМ, на брифинг во четвртокот рекоа дека тие нема да бидат нова политичка партија ниту, пак, ќе поднесуваат независни листи на парламентарните избори. Новата рунда на разговори беше денеска во 12:05 часот

Филипче ги обвинува дека сакаат со пуч да ја преземат партијата, додека од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за нив нема подобро решение од него за лидер на СДСМ

 

СДСМ обвинува дека медиуми и новинари блиски до премиерот Христијан Мицкоски медиумски ја „спонзорираат“ платформата сочинета од актуелни и поранешни функционери на СДСМ, која тие ја нарекуваат „ЗНАМ 2.0“. Целта, велат оттаму, е да се дејствува против единствениот бастион за слободата, а според нив, тоа е СДСМ.

„Ги открија сите карти. Орбановите и медиумите на Вучиќ во Македонија. Таканаречени независни аналитичари како ВМРО-овецот Јове Кекеновски. Соработници на БИА. Геро, Ивона, Латас по социјални мрежи. Ботови на СНС. Трол-фарми преку израелска фирма. Затоа и министрите од ЗНАМ 1.0 јавно им даваат поддршка. ЗНАМ 1.0 со јавна поддршка за на ЗНАМ 2.0. Сите заедно против единствениот бастион на слободата – СДСМ. Сите заедно против Филипче, кој секој ден се бори против оваа банда, на терен, со граѓаните, со народот што едвај го врзува крајот со крајот“,кажа на денешната прес-конференција Богдана Кузевска, портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Оттаму објавија примероци од повеќе објави на портали во кои се известува за активностите на платформата.

„Ете, граѓаните сега имаат црно на бело. Тендери за основачите на платформата ‘за иднината на Мицкоски’. 1,6 милиони евра. Помалку од Гета. Повеќе од нивната чест. Нема да помине. Готово е со дефокусот. Со лагите. Со црните кампањи. Со Дубаи и Харис Џиновиќ. Доаѓа време на вистина и правда. Сите ќе одговараат. Власта ќе ја вратиме во рацете на граѓаните“,кажа Кузеска.

 

 

 

Back to top button
Close