Вандализирано детското игралиште во Карпош 1, оштетени реквизити и урбана опрема

Детското игралиште во Карпош 1 повторно е мета на вандализам, при што се оштетени повеќе детски реквизити и дел од урбаната опрема.

Од Општина Карпош посочуваат дека секоја година се издвојуваат средства за одржување, обновување и унапредување на јавните површини, како и за поставување и реконструкција на детски игралишта и урбана опрема.

Сепак, вложувањата во создавање безбедни и уредни простори за најмладите повторно се доведуваат во прашање поради оштетувањата и неодговорното однесување.

Од општината апелираат граѓаните да се однесуваат одговорно и да придонесат кон зачувување на јавните површини, кои претставуваат заедничко добро на сите, објави Скопје1.мк

Back to top button
Close