Упад во технички преглед и канцеларија на МВР во Чаир

Ноќеска во 02:42 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 15:00 часот на 26.09.2026 до пријавувањето со употреба на сила било влезено во објект на станица за технички преглед на ул.„Александар Урдаревски“ на подрачјето на Чаир и од канцеларијата на раководителот е одземен ресиверот од видео надзорот.
Полициски службеници излегоа на местото и притоа е контстатирано дека со употреба на сила е влезено во експозитура на една банка, како и во канцеларијата на МВР, кои се во склоп на објектот, но не е одземено ништо.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.






