Човечки леш пронајден во канал во близина на здравствена установа во Бардовци

Во Полициската станица Карпош било пријавено дека во канал во близина на ограда на јавна здравствена установа во Бардовци бил пронајден човечки леш.

Случајот бил пријавен на 26 септември во 16 часот. На местото излегла екипа на СВР Скопје, која извршила увид.

Лешот бил подигнат и предаден на обдукција, по што треба да се утврдат околностите поврзани со случајот, објави Скопје1.мк

Back to top button
Close