Младиот Арбер Гаши ненадејно почина само неколку часа откако се вратил дома од протестот за поддршка на УЧК

Трагична вест доаѓа од Финска, каде што починал 34-годишниот Арбер Гаши од Косово, само неколку часа откако учествувал на протест во Хелсинки во поддршка на ОВК.
Според информациите објавени во косовските и албанските медиуми, Гаши во текот на денот бил на протестот во финската престолнина, а неколку часа подоцна починал во својот дом.
Веста за неговата смрт ја потврдило и семејството Гаши, кое соопштило дека телото на починатиот во моментов се наоѓа во Финска. Информациите за времето и местото на погребот дополнително ќе бидат објавени.
Според објава на Алби Зогиани, Арбер пред околу четири години заминал во Финска со цел да работи и финансиски да му помага на своето семејство во Косово. Тој бил единствениот член од семејството кој живеел во оваа скандинавска земја.
На семејството, според објавените информации, ќе му биде потребна и финансиска помош за транспорт на телото од Финска во Косово, како и за покривање на останатите трошоци.
Засега не е соопштена причината за смртта на 34-годишниот Гаши. Нема официјални информации што би ја поврзале неговата смрт со учеството на протестот.






