(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!
„Арамијата Мицкоски ја распродава Македонија и ја претвора во депонија за туѓи бизнис интереси. Додека надвор вели дека Македонија не е сериозна држава, додека ги навредува граѓаните дека се талог, сериозно ги распродава водата, земјата, рудата. За туѓи интереси и профити, на штета на најважното – здравјето на луѓето. Во тек е голема пљачка на Македонија!“ рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Според неа, „пет нови рудници. Иловица–Штука, Казандол, Плавица, Кадиица, Луке, планирани геолошки ископи и на планината Кожув. Нов рудник и за антимон, метал за воена индустрија. Продавачи на оружје му ги плаќаат состаноците по хотели и ходници во САД. А тој им враќа со земја и ископ. Ископ на отровен антимон за муниција. Провизијата за нив. Сметка за народот. Мицкоски вели резервите биле поголеми од првиот и вториот производител во светот. Не кажа колку тони. Не кажа каде. Не кажа кој копа. Не кажа што останува за селата до јаловиштето“.
„Истата шема како кај дата-центрите: пет-шест фирми под радар, веќе договорени. За две и пол години Мицкоски нема ниту еден економски резултат. Кошничката е до плафон, 90 илјади денари. Народот едвај врзува крај со крај. Затоа што Мицкоски државата ја гледа како плен. Нема економски политики, има грабеж! ЕСМ тоне. Државата се задолжува а тие со Адамовиќ и Лазаревиќ, преку линковите со Руднап и Божиновска, тераат бизниси со струја и со броила. Тоа се приоритетите на Мицкоски. Бизнисот, провизиите, профитите“ вели Кузеска.
Посочува дека „Под радарот и далеку од очите на граѓаните арамијата Мицкоски ги става во ризик водата и земјата на штета на здравјето на луѓето. Ова е грабеж, пљачка и СДСМ силно ќе се спротивстави. Заедно со граѓаните ќе го блокираме планот за рудниците. Македонија не е на продажба






