СДСМ:Намерна изолација на Мицкоски и српско-руска агенда – Македонија е изоставена од патоказите кон ЕУ

Брисел спрема акциони планови за земјите најблиску до членство: Црна Гора, Украина, Молдавија, Албанија. Јасен пат. Рокови. Обврски и за членките.
Македонија е изоставена. Заедно со Србија, Косово и Босна. Како земји што не мрднале.
Ние први почнавме. Ние се уште чекаме. Чекаме затоа што арамијата не ги исполни реформите.
Доби рок. Го продолжи за една година. Вети 1 јуни. Од тогаш ни глас.
Судство на телефон. Обвинител на далечинско. Полицијата партиска. Извештајот на ЕК катастрофален.
Патоказот не се дава на банда. Се дава на институција.
Кому ова му одговара? Само на Вучиќ и на Русија.
Македонија им треба надвор од Унијата. Отстапница за Вучиќ.
Сигурно пристаниште за организираната криминална група ВМРО на чело со Мицкоски.
Место за пари од криминал и корупција. Тампон-зона кон ЕУ – тоа ѝ треба на Москва.
Иако сме членка на НАТО. Иако над 80 отсто од луѓето се за НАТО.
Голема поддршка би била и ЕУ: заедничка политика, заеднички став кон Русија. Токму тоа го кочат.
Мицкоски е руски прокси играч. Сателитите ја имаат истата задача.
Левица – руска партија: анти-НАТО, анти-ЕУ, анти-Америка. Трите сили се споија. Цел: земјата да стои во место.
Од друга страна Америка како „стратешки партнер” – слики по ходници, не дела.
Кинески пари. Орбанови кредити. Промоција на Кина и проекти преку Стоилковиќ и други играчи на БИА.
СДСМ го кажува просто. Изолацијата не падна од небо. Ја работи кабинетот.
Кој ги запира реформите, ја запира Европа. Кој ја запира Европа, ја предава земјата за туѓа агенда.
Македонија не е депонија. Не е тампон. Македонија е татковина.
Патоказот ќе дојде кога бандата ќе си оди.






