Македонската репрезентација во Љубљана ќе има поддршка од околу 1.000 фанови
Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот во Љубљана против Словенија го игра дуелот од второто коло од Лигата на Нациите. Македонските фудбалери на овој дуел ќе имаат и поддршка од македонските фанови, кои во попладневните часови ги има во Љубљана и во фан зоната од каде заеднички ќе заминат на стадионот „Стожице“.
Се очекува бројката на македонски навивачи да биде околу 1.000 особено што покрај оние кои допатуваа во Љубљана, бројни ќе бидат и Македонците кои живеат и работат во Словенија.
Секако поддршката од публиката треба позитивно да делува и на избраниците на селекторот Гоце Седлоски за добра игра и позитивен резултат. мн/







