Познатиот криминалец Славчо Мегеров го убил Илијан Филипов – откриен е и мотивот за бруталната егзекуција

Нови детали излегуваат во јавноста за убиството на познатиот бугарски бизнисмен и милионер Илијан Филипов од Пловдив. Според бугарските истражни органи, главната верзија во моментов е дека зад ликвидацијата стои финансиски спор поврзан со претходни деловни односи.

 

За убиството е обвинет 51-годишниот Славчо Мегеров, кој беше уапсен во Софија, каде што живеел во последните неколку години

 

Од Обвинителството во Пловдив соопштија дека меѓу Филипов и осомничениот постоеле деловни и работни односи, а истрагата проверува дали нерасчистени финансиски прашања биле мотив за убиството

Мегеров по апсењето не дал исказ пред истражителите. Полицијата сè уште го бара оружјето со кое бил убиен бизнисменот, додека од домот на осомничениот биле одземени парчиња облека за кои се претпоставува дека ги носел во времето на пукањето. Треба да се утврди дали на нив има траги од барут.

Во истрагата биле споменувани и други можни мотиви и околности, меѓу кои нелегалено коцкање, нарушени приватни односи на двајцата и дрога, но според „24 часа“, ниту една од овие верзии засега не е потврдена

 

Back to top button
Close