Иран соопшти дека нема да ја отвори Ормуската теснина додека не се исполнат условите поставени од Техеран во договорот со САД


Иран нема да ја отвори Ормуската теснина додека не се исполнат седумте услови поставени од Техеран во договорот со САД од јуни, изјави претседателот на иранскиот Парламент и главен ирански преговарач во разговорите со САД, Мохамед Багер Галибаф.

Неговата изјава дојде неколку дена откако Техеран го доби одговорот од Вашингтон за седумдневниот план на Иран за отворање на Ормуската теснина.

„Американците, кои зборуваат едно нешто за медиумите, неодамна презентираа предлози преку посредник. Сепак, тие треба да разберат дека времето за одложување и наметнување еднострани барања е завршено“, рече Галибаф.

Тој нагласи дека ставот на Иран е јасен и категоричен.

„Ормуската теснина нема да биде отворена додека не се исполнат нашите седум услови наведени во Меморандумот за разбирање од Исламабад“, рече претседателот на иранскиот Парламент.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи изјави дека планот предложен од Техеран за решавање на спорот со Вашингтон би можел да доведе до повторно отворање на Ормутската теснина во рок од седум дена, доколку биде прифатен. Тој им рече на странските амбасадори и дипломати во Техеран дека Иран јасно ги поставил своите услови за отворање на теснината, кои се поврзани со одредени обврски што САД мора да ги преземат.

Back to top button
Close