Гореше стан кај Клинички, пожарникар се наголтал чад и заврши во болница

Пожарникар бил пренесен во болница по интервенција при пожар во стан на улицата „50 Дивизија“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Пожарот бил пријавен вчера во 16:20 часот во СВР Скопје, а избувнал во стан во сопственост на 46-годишна скопјанка.
На местото интервенирала Бригадата за противпожарна заштита Скопје, чии екипи успеале да го изгаснат огнот.
При интервенцијата еден пожарникар вдишал чад, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.






