Вучиќ му честиташе роденден на Путин предвреме: „Особено сме благодарни за вашето разбирање


Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ му упати роденденска честитка на рускиот претседател Владимир Путин, иако неговиот роденден е на 7 октомври. Вучиќ честитката ја испратил два дена порано, наведувајќи дека тоа го сторил „во својство на обичен граѓанин“.

Во писмото Вучиќ му се заблагодарил на Путин за неодамнешната поддршка упатена кон него лично, но и за поддршката што Русија ѝ ја дава на Србија во нејзините интереси и во меѓународните организации.

„Многу ги ценам зборовите на поддршка што неодамна ги упативте кон мене лично, но и поддршката што Руската Федерација ѝ ја дава на Република Србија во нејзините интереси и во меѓународните организации“, навел Вучиќ.

Тој посочил дека особено ја цени, како што навел, долгогодишната поддршка на Путин за потребата Србија да има стабилен и сигурен потпирач на меѓународен план.

Вучиќ изразил уверување дека Србија и Русија и во иднина ќе ги зајакнуваат односите засновани на меѓусебна доверба, разбирање и пријателство меѓу двата народа.

Во писмото тој изразил и уверување дека двете земји со заеднички напори ќе продолжат да ја унапредуваат соработката во области од заемен интерес.

Роденденската честитка до Путин доаѓа откако рускиот претседател минатиот петок изрази поддршка за Вучиќ и Српската напредна партија (СНС) во пресрет на вонредните избори во Србија, закажани за 15 октомври.

Back to top button
Close