Мицкоски: Во Бугарија очекувам средба на коњопој

Средба на коњопој. Премиерот Мицкоски нема никакви очекувања во пресрет на најавената средба меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговата бугарска колешка Велислава Петрова, која по совет на Фон дер Лајен би требало да се одржи во четврток.

До овој момент во МНР не е стигнат официјален одговор од Бугарија на барањето кое Муцунски го испрати уште во петокот.

Од бугарска страна засега има само порака дека на маргините на конференцијата за Коридорот 8 во Софија ќе има можност за билатерална средба, но без потврда дека таа е договорена и без прецизиран термин.

Мицкоски денеска рече дека нема очекувања од разговорот

“Па, имајќи ја предвид мојата анализа, која што вчера му ја кажав на министерот за надворешни работи, ќе бидам повторно дипломатски некоректен: имајќи го предвид однесувањето на официјална Софија, не очекувам потврда, не очекувам ништо.

Очекувам некој дијалог „пул а сајд“, ние така го викаме, на коњопој, и тоа отприлика да биде тоа.“ – рече денеска Мицкоски

Иако средбата се најавува како обид за обновување на директната комуникација, атмосферата пред неа останува студена, а очекувањата од двете страни се сведени на минимум.

Скопје останува ставот дека разговор треба да има, но дека за вистински исчекор се потребни конкретни гаранции дека Македонија нема повторно да се соочи со нови билатерални условувања на патот кон Европската Унија.

Софија, пак, не отстапува од позицијата дека обврските се веќе преземени со европскиот договор и дека следниот чекор е внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

Така, иако средбата се најавува како обид за обновување на директната комуникација, атмосферата пред неа останува студена, а очекувањата од двете страни се сведени на минимум.

Back to top button
Close