Најстарото копнено животно, желката Џонатан има 192 – 194 години, според најновите генетски испитувања
Најстарото познато копнено животно во светот е џиновска желка по име Џонатан – родена е пред 192 – 194 години, од атолот Алдабра, којшто е дел од Сејшелите и најголем атол во Индискиот Океан. Ова го тврдат научници од Фондацијата „Калел“ (Calel Foundation) – непрофитна научна организација посветена на истражување на долговечноста и стареењето преку генетска анализа.

Написот е објавен во списанието „Сајенс адвансес (Science Advances)“. Желката можеби ја должи својата долговечност на комбинација од генетски одлики и способноста да ги одржува клучните клеточни системи млади, велат научниците.
Најстарото копнено животно, желката Џонатан има 192 – 194 години
– Се тврдело дека и други желки од видот Алдабра живееле исто толку долго како Џонатан, но оваа единка ги поседува најмногубројните документирани докази што ја поткрепуваат нејзината проценета возраст – изјави Бенџамин Вајсвил – истражувач од „Калел“ и еден од водечките автори на научниот труд.
Донесена како возрасна единка во 1882 година, според некои тврдења – од атолот Алдабра, а според други – од гранитните острови на Сејшелите, на оддалечениот остров Света Елена во Јужниот Атлантик, желката сега живее во специјално приспособен простор. Иако е познато дека овој вид желка живее повеќе од 100 години, Џонатан далеку го надминал тој животен век.






