Повторно вандализирано детско игралиште во Кисела Вода

Граѓани преку фејсбук-групата „Кисела Вода – Пријави Проблем“ реагираат на повторно оштетување на детско игралиште во општината.

Во објавата се посочува дека игралиштето и претходно било поправано, но повторно е оштетено, поради што граѓаните стравуваат дека состојбата може да претставува опасност за децата кои го користат.

„Жалосно. Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“, се наведува во објавата, во која се апелира и до родителите да разговараат со своите деца и да им укажат на одговорното однесување.

Граѓанката која ја објавила реакцијата најавува дека доколку повторно забележи вакво однесување, ќе повика полиција и ќе остане на местото додека не пристигне родител или старател.

„Ќе се осакати некое дете, па после ќе биде кој е крив, кој ќе одговара“, се додава во објавата.

Back to top button
Close