ВМРО-ДПМНЕ: Власта ги крши човековите права на хронично болните, кои ги враќа на работа, додека организира онлајн седница во Собранието
Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука хронично болните лица да се вратат на работа, освен за оние лица кои имаат извештај од специјалист за егзацербација на болеста.
Со ваквата предлог одлука се кршат основните човекови права и истата е на линија на геноцид преку спречување на правото на здравствена заштита и животот.
Во период кога собранието одлучува за онлајн собраниските седници со цел заштита на здравјето и животот на пратениците кога сите услови за заштита на животот и здравјето на пратениците се обезбедени во Собранието, актуелната власт го врти грбот на работниците и ги става во подредена ситуација, ги враќа хроничните болни на работните места во услови кога е крајно сомнително дали раководните лица на институциите и организациите ги имаат обезбедено сите услови за заштита на здравјето и животот на вработените од корона вирусот!
Комисијата за труд, социјална политика, демографија и родови прашања при ВМРО-ДПМНЕ ја повикува Владата на Македонија да не го прифаќа предлогот на Комисијата за заразни болести за враќање на работните места на хронично болните вработени, земајќи во предвид дека овие лица се животно загрозени од корона вирусот!
Во услови кога Владата троши милионски финансиски средства на непродуктивни работи, услуги и средства, крајно неблагодарно е истата да неможе да изнајде начин и средства како да се справи со финансиските импликации кои произлегуваат од отсуството на хроничните болни од нивните работни места!
Политиките на ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе бидат во насока на бранење на правата на работниците, како и заштита на нивното здравје и живот.