23 години од смртта на Ѓорѓи Колозов, актерот што ги овековечи македонските народни приказни

На 13 октомври 2003 година, во Скопје починал Ѓорѓи Колозов, еден од најпознатите македонски актери, кој остави силен белег во театарската, филмската и телевизиската уметност.
Колозов дипломирал на Академијата за драмска уметност при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 1973 година, по што се вработил во Македонскиот народен театар, каде што остварил бројни значајни улоги.
Широката публика најмногу го памети по настапите во телевизиската серија „Македонски народни приказни“, заснована врз народни умотворби, собрани и објавени во XIX век од истакнати собирачи како Марко Цепенков, Кузман Шапкарев и Ѓорѓија Пулевски.
Овие приказни имаат непроценливо значење за македонскиот фолклор, етнографијата, лингвистиката и националната историја, а преку телевизиската серија станаа препознатлив дел од културното наследство и за новите генерации.
Во Македонскиот народен театар Колозов остварил забележителни улоги во претставите „Од многу ум“, „Андрокле и лавот“, „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Воена тајна“, „Мрестење на краповите“, „Слободни врски“, „Валпургиска ноќ“ и „Рекламна бајка“.
Настапил и во повеќе играни филмови, меѓу кои „Македонскиот дел од пеколот“ и „Тетовирање“.
Со својата работа и незаборавните улоги, Ѓорѓи Колозов останува едно од најпрепознатливите имиња во македонската актерска уметност.
Извор: skopje1.mk






