(Фото) Се раздвојува асфалтот на улиците во Усје, жителите прашуваат: „Како Теферич треба да се случи и во Усје?“

Големи пукнатини и раздвојувања на асфалтот на улиците во Усје предизвикаа загриженост кај граѓаните, кои преку објава во фејсбук-групата „Кисела Вода – пријави проблем“ апелираат за реакција и решавање на проблемот.
На фотографиите објавени во групата се гледаат широки пукнатини по должината на коловозот, при што асфалтот на одредени места е видливо раздвоен.
Со објавата, граѓаните предупредуваат на состојбата на улицата и го поставуваат прашањето: „Како Теферич треба да се случи и во Усје?“
Засега нема дополнителни информации за причините за оштетувањата, а жителите очекуваат надлежните служби да ја проверат состојбата на терен и да преземат соодветни мерки.
Извор: skopje1.mk






