Бугарија ќе го повика рускиот амбасадор по инцидентите со бродови кај нејзиниот брег

Бугарските власти најавија дека ќе го повикаат рускиот амбасадор по два инцидента со бродови во близина на бугарскиот брег, при што едниот бил погоден од беспилотни летала, а другиот потонал.

Според достапните информации, товарниот брод „Челси 3“, во украинска сопственост и под малтешко знаме, бил погоден од три дрона во вторникот околу 1:30 часот по полноќ. Инцидентот се случил на околу 18 наутички милји, односно 33 километри од бугарскиот брег, во близина на Бјала. Сите членови на екипажот биле спасени.

Во друг инцидент, уште еден брод бил погоден и потонал на околу 17 наутички милји од селото Крапец.

Бугарскиот премиер Румен Радев изјави дека засега нема цврсти и јасни докази врз основа на кои може да се обвини конкретна страна за нападите. Сепак, тој оцени дека логиката упатува на заклучокот дека од ваквиот развој на настаните корист има Руската Федерација.

Извор: skopje1.mk 

Back to top button
Close