Дебранка (24) лажно пријави дека и го украле златото од дома

МВР информира дека ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.К.(24) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“ по член 366 од Кривичниот законик.
Како што информираат од полицијата, на 15. минатиот месец во ОВР Дебар, Е.К. пријавила дека било влезено во нејзината куќа и биле одземени златен накит и други предмети во вредност од околу 3.000 евра.
По преземени службени мерки и по консултација со јавен обвинител, полициските службеници утврдиле дека Е.К. лажно пријавила кривично дело.
Извор: fokus.mk






