Случај, Ива М.Михаилова и како глушецот стана Тројански коњ!

Слушам, читам, се дигна врева се направи случај, се тресеше гората, се роди глушец. Глушецот Ива Михаилова, родена како македонка, осознаена као бугарка, по сите криминали на нејзиниот татко и интелектуалната инфантилонст, која и се гледа од очите, случајно кочанчанка, ја окупира македонската јавност, а зошто!?
Мораме ли како граѓани да бидеме омаловажувани, од ќе го наречам квазислучајот.
Се налепија нованарите, па секој ден , секои вести, секој портал или било каков информативен блок… Ива Михаилова.
Неспорно во Mакедонија и се суди. Учествувала во сообраќајна незгода, со смртни последици. Никој друг, освен надлежнниот суд , неможе да ја осуди или ослободи од одговорност. Во сообраќајната незгода и самата била повредена, се лекувала, и се лекува во домицилната земја, каде помеѓу другото, во судска постапка и се изречени мерки на претпазливост… одземени патни исправи, забрана да ја напушти РМ со лична карта, обврска да се јавува во судот и … со конзилијарно мислење дека нема потреба од лекување во странство, повредите кои ги здобила во незгодата и одразот на здравјето можат да се лекуваат во РМ, но ете ја снема, одеднаш се појави во Бугарија и никој овде незнае како…каколи отиде. Ја пречекаа со помпи, а и тие незнаат како им дошла!
Да сме будали, не сме, дека како граѓани дозволуваме некои овде и некои таму да си играат со нашата интелегенција, е тоа е нешто опипливо.
Па имаме ли ние интегритет, како судии, обинители, политичари, полицајци и сите други кои ја чинат државната ни апаратура и властите кои ги преставуваат, колнејки се во правна држава.
Немаме и нема да имаме се додека, си играме држава.
Затоа ни се случува Ива Михаилова, затоа ликуваат бугарите, кои ете незнаат коко таа одеднааш се појави таму, а патем и не да се лечи туку да се рехабилира од повредите кои ги здобила во сообраќајната незгода, оти не и било дозволено да оди од Кочани во Штип на рехабилитација. Инфантилно само посебе, ама секојдневно јавно експоатирано.
Новинарите имаат случај… политичарите тема за поткусурување, полицијата работа да истражува, а всушност се прави на тошо, обвинителството сработило и ја гони, судот суди, ама не пресудува, вештаци вештачат кој е виновен за сообрајната незгода, само смртно настраданиот е жртва, а и ние сите со него, омаловажени и понижени од инфантилноста на поведението на сите наведени чинители на случајот.
Ете затоа, неможам да бидам рамнодушен и нем… а тие кои како чинители на случајот имаат удел во инфантилноста и преку поведението секојдневно не трујат со Ива Михаилова, нека се запрашаат, за какви вредности се прикажуваат, а што лиферуваат кога глушецот дозволија да личи на тројански коњ.
Со почит кон разбраните и жалење за тие други…
Николчо Николовски , судија во пензија






