„Криминални туристи“ уапсени во Атина: Им ги дупнувале гумите на возачите и им ги краделе парите


Грчката полиција во вторникот соопшти дека уапсила двајца осомничени членови на криминална група во јужниот дел на Атина, кои наводно се преправале дека им помагаат на возачите, а потоа им краделе поголеми суми пари што претходно ги подигнале од банкомати

Двајцата странски државјани биле приведени во понеделникот во атинското предградие Глифада. Тие се соочуваат со обвиненија, меѓу кои членство во криминална организација, тешка кражба, оштетување имот и фалсификување, соопшти полицијата.

Според полициското соопштение, осомничените биле дел од меѓународна криминална група која краткотрајно патувала од една во друга земја со цел да извршува кражби и провали.

Групата, наводно, ги набљудувала банкарските филијали и се фокусирала на лица кои пристигнувале со автомобили и подигнувале големи суми готовина.

Откако ќе ја избирале потенцијалната жртва, осомничените наводно ѝ ги оштетувале гумите на автомобилот, а потоа ја следеле со сопствено возило. Кога возачот ќе забележел дека гумата е дупната и ќе застанел, еден од членовите на групата се преправал дека сака да помогне, одвлекувајќи му го вниманието, додека другиот ја земал готовината од автомобилот.

Полицијата наведува дека осомничените и претходно биле апсени во други земји поради слични наводни кривични дела. објави Скопје1.мк

Back to top button
Close