Скопјанец пронајден починат во Зрзе, наредена обдукција

Обдукција треба да ги утврди причините за смртта на 79-годишен жител на Скопје, чие тело било пронајдено во селото Зрзе, во општина Долнени. Случајот бил пријавен во полицијата вчера попладне.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13 октомври 2026 година, околу 16:45 часот, во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во Зрзе е пронајден Т.Б. (79) од Скопје.

Смртта на мажот ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Прилеп. На местото на настанот увид извршила екипа од ОВР Прилеп.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.

Извор: nezavisen.mk 

Back to top button
Close