Анкета: Шпанските социјалисти ја зголемуваат предноста пред опозицијата по кризата со домувањето

Резултатите од новата анкета, пред парламентарните избори закажани за 29 ноември во Шпанија, покажуваат дека Шпанската социјалистичка работничка партија ПСОЕ (PSOE) би освоила 34,2 проценти од гласовите, додека Народната партија ПП (PP) би имала 22,2 проценти, објави денес Центарот за социолошки истражувања.

ПСОЕ ја зголеми својата предност за седум процентни поени во споредба со претходната анкета спроведена во септември кога имаше 5,5 поени повеќе од PP, објави шпанскиот јавен сервис РТВЕ (RTVE).

Партијата Вокс (Vox) се консолидира како трета опција (17,1 процент), со речиси три пати поголема поддршка од партијата Сумар, која би била на четвртото место со 6,1 процент.

Последната анкета е спроведена помеѓу 1 и 6 октомври на примерок од 5.025 телефонски интервјуа, со маргина на грешка од 1,4 проценти.

Ова е прво истражување на јавното мислење спроведено по протестите што избувнаа по иселувањето на Маркармен Абаскал, 87-годишна жена која беше иселена од станот во кој живеела како закупец седум децении пред да почине.

Случајот Абаскал предизвика силен социјален бунт и протести во градовите низ целата земја, а синдикатите повикаа на генерален штрајк на 11 ноември.

Back to top button
Close