Апасиев со фотографии ги соочи Заев и Мицкоски: Ист баџанак, различни премиери – ќе има и нови документи за вашите афери!


Во контрарепликата на одговорот на Мицкоски, претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев повторно се осврна на деловните и политичките врски на лица од семејното опкружување на Мицкоски, овојпат презентирајќи фотографии од Јорданчо Јанев – Дано, баџанакот на Мицкоски, во друштво и на актуелниот и на поранешниот премиер Зоран Заев. Одговарајќи на личните квалификации на Мицкоски, Апасиев ги проблематизираше неговите скапи часовници, потсети на претходниот судски спор и најави нови документи за прашањата што ги отвори, порачувајќи дека денешното излагање е само една епизода од она што допрва ќе биде обелоденето.

„Од сѐ што кажавте, најточно е само дека сте инфериорен. Но, треба да дополните дека сте инфериорен сноб кој носи часовници од 60.000 евра и мисли дека тоа ќе направи некоја поголема вредност“, потенцираше Апасиев.

Апасиев го потсети Мицкоски и на неплатените судски трошоци од спорот за клевета што Мицкоски го водеше против него, а во кој беше застапуван од Панче Тошковски. Апасиев нагласи дека, и покрај обидите на Мицкоски да го предизвика на правно поле, исходот од спорот покажал дека таквите обиди не му оделе во прилог.

„Должите уште судски трошоци од тужбата што ја застапуваше Тошковски. На Апелација сега фатете некоја врска да ви ја поништи таму, инаку судски трошоци должите баш заради тоа што изгубивте спор за клевета“, истакна Апасиев.

На крајот, Апасиев најави дека за прашањата поврзани со таканаречениот „кукавичлук“ ќе следуваат дополнителни откритија, бидејќи Левица располага и со други документи кои засега нема да бидат објавени, за да не се открие сè во една епизода

.

 

 

Back to top button
Close