„Мицкоски го штити Тошковски – на сите им е јасен договорот „под радар“ за пуштање на Михаилова“, велат од СДСМ

СДСМ преку соопштение обвинува дека премиерот Христијан Мицкоски го штити министерот за внатрешни работи Панче Тошковски наместо да побара одговорност за случајот со Ива Михаилова, за која партијата тврди дека ја напуштила државата и покрај тоа што ѝ биле одземени македонскиот и бугарскиот пасош.

Screenshot

Од СДСМ прашуваат како Михаилова успеала да ја напушти Македонија и зошто досега нема одговори за околностите под кои се случило тоа.

„Тошковски на телевизија јавно признава дека границата е ‘швајцарско сирење’. А кој е надлежен за границата? Тошковски“, наведуваат од партијата.

Од СДСМ оценуваат дека е недозволиво министерот што раководи со полицијата, која е задолжена и за обезбедување на државната граница, јавно да изјавува дека таа е толку пропустлива.

Според партијата, границата е „решето за криминалци и бегалци од правдата“, додека за пропустите никој не презема одговорност.

„А кој раководи со полицијата? Тошковски. Ама Мицкоски го штити Тошковски“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ тврдат дека по случајот со Михаилова станува сè појасно дека постои договор за нејзиното пуштање „под радар“. Партијата смета дека наместо да се бара оставка од Тошковски и да се утврди одговорност, јавноста е сведок на политички театар.

Back to top button
Close