Пожар во трафостаница во Липково, оштетено и паркирано возило

Пожар избувнал во трафостаница во селото Липково, при што било оштетено и паркирано патничко возило „сеат алтеа“, соопштија денеска од СВР Куманово.

Пожарот во полицијата бил пријавен денеска во 3:43 часот од Ш.А. од селото Липково. Територијалната противпожарна единица го изгасила пожарот во кој нема повредени лица.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Куманово.

Back to top button
Close