Тешка сообраќајка кај Тетово: Автомобил излета од патот, повреден 20-годишен возач и сопатник
Ноќеска во 01:50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во село Доброште, патничко возило „сеат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.М. од тетовското село Теарце, излетало од патот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник А.И. од село Теарце, тетовско, констатирани во Клиничка болница Тетово, информираат од СВР Тетово.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.






