Руте разговарал со Зеленски за важноста од постигнување енергетско примирје со Русија

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека со украинскиот претседател Володимир Зеленски разговарал за важноста од постигнување енергетски прекин на огнот со Русија, како и за продолжување на испораките на американско оружје за Киев.
„Разговаравме за важноста од постигнување енергетски прекин на огнот, како и за континуираната поддршка за Украина од сојузниците на НАТО“, напиша Руте во онлајн објава по средбата со Зеленски во Брисел.






