Никушор Дан: Нападите врз бродови во Црното Море се обид на Русија да го дестабилизира источното крило на НАТО
Романскиот претседател Никушор Дан денеска по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека неодамнешните напади врз комерцијални бродови во Црното Море претставуваат обид на Русија да го дестабилизира источното крило на НАТО и да ја ослабне поддршката за Украина.
Дан не даде дополнителни детали за неодамна погодените бродови во романските територијални води нагласувајќи дека повеќе информации ќе бидат достапни откако ќе се завршат тековните истраги.
„Со нашите сојузници од НАТО, ние сме должни да го браниме секој метар од нашата територија, вклучувајќи ги и нашите води и воздушен простор. Ситуацијата во Црното Море е сериозна. Трговски бродови се под напади и потонуваат. Морнари гинат, има и повредени и исчезнати, многу блиску до бреговите на Романија и Бугарија. Ова е неприфатливо и мора да престане. Животите, глобалната трговија и критичната инфраструктура се во опасност. Заедно се залагаме за безбедно и отворено Црно Море, за Романија, Бугарија, Европа и целиот свет“, напиша Дан на X.






