Демонстранти се собраа во центарот на Софија барајќи оставка од претседателката Илијана Јотова и премиерот Румен Радев

Демонстранти се собраа на мирни протести пред зградата на бугарската влада во Софија барајќи оставка од претседателката на државата Илијана Јотова и премиерот Румен Радев. Во областа има силно полициско присуство, јави БТА

Според демонстрантите, претседателката Јотова и премиерот Радев не успеваат да се справат со ситуацијата што се појави во врска со бродовите погодени и потонати од беспилотни летала во бугарската економска поморска зона.

Тие нагласија дека цела Европа знае дека ова се руски напади, „но само нашиот претседател и влада се преправаат дека не знаат“.

Собраните скандираа „Оставка“, „Предавници“ и „Затвор“.

„Доколку нападите во Црното Море продолжат на ист начин  бродовите нема да сообраќаат. Покрај товарот што е во опасност, имаме и потонати бродови. Не можеме да си дозволиме толку евтино да трошиме човечки животи“, нагласи Јотова во изјава за бугарски медиуми.

Back to top button
Close