Макрон ја предупредува ЕУ дека мора да постигне договор за буџетот за 2028-2034 година до крајот на годината

Францускиот претседател Емануел Макрон ги предупреди лидерите на земјите од Европската Унија дека мора да постигнат договор за седумгодишниот буџет на Унијата до крајот на оваа година, бидејќи после тоа би било политички премногу тешко за Франција да го поддржи, изјавија четворица европски дипломати.

За време на разговорите зад затворени врати, Макрон рече дека нема да има политички мандат да го потпише договорот во периодот непосредно пред претседателските избори во Франција, закажани за април 2027 година, според дипломати запознати со разговорот, пренесува Политико.

„Тој рече дека од јануари нема да има повеќе политички простор“ за постигнување договор, рече еден од дипломатите.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, врши притисок врз лидерите да ги завршат разговорите на самитот во декември, пред изборите во Франција, Италија и Полска во 2027 година дополнително да ги комплицираат преговорите.

Сепак, некои влади и претставници на ЕУ велат дека таков рок е многу тешко да се постигне.

Back to top button
Close