Мицкоски: Целта на случајот со Ива Михајлова е политичка – да и се нанесе штета на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е синхронизирано со опозицијата

Премиерот Христијан Мицкоски верува дека зад случајот со Ива Михајлова се крие политичка позадина за да и се нанесе штета на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и дека тоа е синхронизирано со опозицијата во земјава.
– Она што мене повеќе ме загрижува е состојбата што на ниво на хистерија ја направија одредени медиуми и политичари кај нашиот источен сосед. Не се проблемот односите меѓу двете држави, туку да му наштетат на ВМРО-ДПМНЕ и на мене затоа што на овој начин покажувајќи некаков тип на политички мускули во координирана акција и јавна дебата со македонската опозиција, и тоа е очигледно. И македонската опозиција ќе прави политички притисок врз актуелната Влада и на тој начин тие ценат дека политичката репутација на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја намалат во очите на граѓаните – рече вечерва Мицкоски на гостување на телевизија 21.
Тој рече дека Михајлова не поминала на легален граничен премин во Бугарија.
– Границата е помината нелегално. Штом јас ви го говорам ова, ви го кажувам со голема доза на прецизност. МВР тоа го истражува и ќе дојдеме до одговорите, но нема никаква вистина со она што го зборуваше адвокатот којшто сам по себе има одредено проблематично минато – истакна Мицкоски.
Не гледа пропуст кај институциите во државата и повтори дека правдата ќе ги стигне и Ива Михајлова и нејзиниот татко правосилно осуден во случајот „Детонатор“.
– Не мислам дека ова што го направиле за нив е спас и кога тогаш тие ќе одговараат. Ако мислам дека на овој начин ќе ја заобиколат правдата се лажат, а тоа што го направија властите кај нашиот источен сосед не можам да кажам дека е умен потег и мислам дека нивната репутација е сериозно нарушена на меѓународната сцена, но тоа е нивна работа – рече Мицкоски.
Најави дека прашањето ќе биде покренато и на состаноците на НАТО, посочувајќи дека Македонија очекува лицата да бидат испорачани и да се соочат со правдата.
– Ова ќе биде покренато и на состаноците на НАТО Алијансата, бидејќи наш партнер во НАТО е денеска прибежиште на осудени криминалци и ние очекуваме во најскоро време тие да бидат испорачани на правдата. Но исто така ова ќе биде покренато и кај нашите партнери во Европската Унија. Не би сакал осуден криминалец да биде причина за неспроведување на правдата, не би сакал да верувам дека моменталното политичко водство кај нашиот источен сосед ќе биде алиби за осудени криминалци од државата да барат бугарски пасоши и преку нелегални премини да бегаат и да барат свое прибежиште таму – рече Мицкоски.
А имаме уште од бугарските медиуми денеска дека премиерот на Македонија нервозно реагираше за
Не, апсолутно ја не реагирам нервозно, ја само кажам дека кога тогаш кога тогаш тие ќе одговараат, а јас тоа што сум го рекол сум го направил. Кога тогаш ќе одговараат. Ааа значи според вас сега имаше скоро нели обид некаков предвижување да имаме со Бугарија со И тие два процеси се независни. Да, да, да. Токму ми беше тоа прашањето, дали овој процес да кажеме од бугарска страна најсреќно би било Бугарија да ова биде причина ние да го напуштиме тој процес. Па тоа ми беше прашањето. Најсреќна би била Бугарија да ова биде причина ние да го напуштиме тој процес, да реагираме емотивно, соголемена глава да почнеме со навреди и така натаму. Не, напротив. Ние треба да реагираме надвор од очекувањата како што реагираме и упорно ги повикуваме да се неме на маса и да најдеме решенија за проблемите кои што ги имаме. Ако можам да да заклучам веројатно според тоа како ми одговарате на прашањево веројатно и вие се сомневате дека во Бугарија постојат некои повисоки да кажеме фигури кои што можеби на некое начин го користат моментот за за нарушување на на тој дел да кажеме поврзан Софија и Скопје? Јас не се сомневам, јас знам. Јас не се сомневам, јас сум сигурен дека постојат сили во Бугарија кои што кои што сакаат да бидат проблем, а тој проблем да ескалира во тоа што ние ќе реагираме емотивно и тоа ќе биде оправдување еве со овие луѓе немадоговор. Напротив, затоа велам ние треба да реагираме спротивно на на очекувањата на таа структура кај нашиот источен сосед да го покажеме зрелост и да го покажеме вистинскиот европски дух кој што ние како граѓани го имаме и тоа го покажуваме. Смирено, со ладна глава одиме напред.





