„За кого? За Тоше!“: Ултрамаратонците поминаа низ детската улица „Тоше Проески“ и пристигнаа на плоштадот во Скопје

Ултрамаратонците посветени на Тоше Проески пристигнаа на плоштадот во Скопје, а поминаа и низ детската улица „Тоше Проески“, продолжувајќи ја традицијата на оддавање почит на македонската музичка легенда.

Screenshot

„За кого? За Тоше!“ е пораката што и годинава ги обединува учесниците на ултрамаратонот, кои тргнаа од Нова Градишка, Хрватска, со крајна цел да пристигнат до вечното почивалиште на Тоше во Крушево.

Овој традиционален настан, кој се одржува по 19. пат, е посветен на ликот и делото на пејачот чие наследство и понатаму живее во срцата на неговите обожаватели.

Со секој изминат километар, маратонците ја пренесуваат пораката за љубов, почит и сеќавање на Тоше Проески – човекот кој остави неизбришлива трага во македонската музика и ги поврза луѓето надвор од границите на државата.

Back to top button
Close