Вонредни избори за градоначалник на Брвеница – во трка се шест кандидати

Вo недела жителите на општина Брвеница ќе бираат нов градоначалник. Ненадејната смрт на првиот човек на општината Јовица Илиевски, кој како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победи на последните локални избори, го отвори патот за ново вонредно изборно соочување на партиите за оваа општина.

На гласачкото ливче се наоѓаат се Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ, независниот кандидат Душан Богдановски, Јакуп Усеини од „Вреди“, независната кандидатка Арифе Идризи и Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција, коалиција предводена од ДУИ. Сите кандидати во кампањата ветуваа пред гласачите поголем локалниот развој, инвестициите, младите и домаќинско управување со општинските финансии.

Владејачките коалициски партнери на овие избори ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ настапуваат со посебни кандидати, а ЗНАМ дава поддршка на кандидатот на најголемата владејачката партија. Со одделни кандидати ќе настапат и опозициските партии СДСМ и ДУИ. Поради поголемиот број кандидати проценките се дека е сосема извесно да има и втор круг гласање кој треба да се одржи за две недели, поточно на 1 ноември.

Инаку, гласачките места вообичаено ќе бидат отворени од 07:00 до 19:00 часот, според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, право на глас имаат вкупно 16.256 запишани избирачи. Првичните неофицијални резултати се очекуваат до полноќ во недела, а официјалните ќе бидат познати најмногу за 48 часа под одржувањето на гласањето

Back to top button
Close