Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

Државната изборна комисија (ДИК) ги објави првичните резултати од предвремените локални избори за нов градоначалник што денеска се одржаа во општина Брвеница.
Според сто отсто обработени избирачки места, води кандидатот Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ кој има 2 943 гласа, втор е кандидатот на „Национална алијанса за интеграција“ предводена од ДУИ, Аркин Јахиј со 2 152 гласа, терт е Јакуп Усеини од Влен со 1 528 освоени гласа, а следуваат Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ со 706 и независните кандидати – Душан Богдановски со 55 и Арифе Идризи со 21 глас.
ДИК закажа прес-конференција на која, како што информира, ќе бидат објавени првичните неофицијални резултати од денешното гласање и останатите информации за текот на гласањето.
Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.
Изборите се одржуваат откако на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст почина дотогашниот прв човек на Општината, Јовица Илиевски.






