(ВИДЕО) Кандидатот на Влен отиде лично да му честита на ривалот од ДУИ за влезот во вториот круг во Брвеница

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од Влен, Јакуп Хусеини вечерва беше во штабот на кандидатот на „Национална алијанса за интеграција“ предводена од ДУИ, Аркин Јахиј за да му го честита влезот во вториот круг од предвремените локални избори.

На фотографиите и видеата што вечерва ги објавија повеќе медиуми, се гледаат двајцата кандидати во прегратка во присуство на повеќе партиски поддржувачи.

„За трпението, храброста, трудот од двата табора и верувам дека само вака може да одиме напред“,вели Јахиј на видеото.

Кандидатот на „Национална алијанса за интеграција“, Аркин Јахиј веќе е извесно дека во вториот круг од локалните избори во Брвеница ќе оди со кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДМПНЕ, Стојанче Радически кој денеска оствои најмногу гласови.

Како што вечерва соопшти Државната изборна комисија, според сто отсто обработени избирачки места, на предвремените локални избори за градоначалник на општина Брвеница води кандидатот Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ кој има 2 943 гласа, втор е кандидатот на „Национална алијанса за интеграција“ предводена од ДУИ, Аркин Јахиј со 2 152 гласа, терт е Јакуп Усеини од Влен со 1 528 освоени гласа, а следуваат Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ со 706 и независните кандидати – Душан Богдановски со 55 и Арифе Идризи со 21 глас.

Изборите се одржуваат откако на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст почина дотогашниот прв човек на Општината, Јовица Илиевски.

Back to top button
Close