Францускиот филм „Тест на издржливост“ на програмата на „Кино средби“ во Кинотека

Францускиот институт во Скопје и Кинотеката вечер ќе организираат ново издание на месечните „Кино средби“, во чии рамки ќе биде прикажан современиот француски филм „Тест на издржливост“ во режија на Орелијан Пере.

Филмот, снимен во 2025 година, ја следи приказната за 19-годишниот Иго, кој летниот одмор традиционално го поминува на остров во Атлантскиот Океан. Ова лето, меѓутоа, носи промени во неговиот живот, особено по доаѓањето на неговата девојка Квин, чиј впечатлив стил и карактер се во контраст со неговата повлеченост, предизвикувајќи внимание и реакции од околината.

Во филмот играат Феликс Лефевр, Ања Вендероза и Сузан Жуане.

Според критиките што ги пренесуваат организаторите, станува збор за емотивна приказна што ги обработува темите на крајот на адолесценцијата, класните разлики, општествените предрасуди и потребата да се остане доследен на сопствениот идентитет.

Проекцијата ќе биде проследена со превод на македонски јазик, а билетите се достапни на билетарницата на Кинотеката

Back to top button
Close