Поднесена кривична пријава против охриѓанец за детска порнографија – одреден му е 30-дневен притвор

При претресот биле пронајдени и одземени десктоп-компјутер и видеа со експлицитни содржини од детска порнографија

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42-годишниот А. Д. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија по член 193-а од Кривичниот законик.

По добиена судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид, во координација со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, на 20 октомври извршиле претрес во домот на пријавениот.

При претресот биле пронајдени и одземени десктоп-компјутер и видеа со експлицитни содржини од детска порнографија.

Охриѓанецот веднаш бил лишен од слобода, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.

Back to top button
Close