Две лица пронајдени мртви во изгорен автомобил – едното лице е момче на 21 година
Опожарено возило и две беживотни тела се пронајдени вчера во местото викано „Ичева чешма“, Горно Село во Богданци.

Веднаш по пријавата, полициски службеници од ПС ОН Гевгелија се упатени на местото на настанот, каде било констатирано дека во близина на опожареното возило имало машко лице кое не давало знаци на живот, по што било констатирано дека станува збор за В.Г.(21) од Богданци. Од екипа на Итна медицинска помош при ЈЗУ Општа болница Гевгелија била констатирана смрт.
По локализирање на пожарот од страна на Бригадата за противпожарна заштита, било забележано дека во возилото има опожарено лице без знаци на живот.
За настанот е известен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и извршен е увид. По насоки на јавен обвинител телата се дадени на обдукција за утврдување на идентитет, односно утврдување на причините за смртта.
Се преземаат мерки за утврдување на околностите и за целосно расчистување на случајот.






