Претседателот на општинската организација на ЗНАМ во Кисела Вода премина во СДСМ
Опозицискиот СДСМ вчеравечер на социјалните мрежи објави дека претседателот на Општинската организација на Движењето ЗНАМ во Кисела Вода, Виктор Петков, одлучил да ја напушти партијата која е дел од владејачката коалиција и да им се приклучи на социјалдеморкатите.

Од СДСМ оценуваат дека луѓето се враќаат кон нив бидејќи препознале дека е единствена неконтролирана опозиција. Додаваат оти вратите на Социјалдемократскиот сојуз остануваат отворени за нови членови.
Оттаму го обвинија лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, дека ги изневерил ветувањата кон гласачите, ја злоупотребил партијата за лични бизнис интереси, ја предал својата партија и своите гласачи.
„Слични лаги сега слушаме за Платформата ЗНАМ 2.0. ЗНАМ беше сателит на Мицкоски за ситнење на опозицијата и сега полека се гаси. Си заминаа пратеници, советници, си заминуваат и луѓето што ги водеа општинските организации. Продолжуваме заедно да се бориме против криминалот на власта, за подобар живот на граѓаните“,велат од СДСМ.






