(ГАЛЕРИЈА) Пари, возила и документација пронајдени при претреси во Куманово, неофицијално се истражува организиран криминал поврзан со лихварство
Голема полициска акција се спроведува утрово во Куманово, каде што полициски специјалци и истражители вршат претреси на повеќе локации поврзани со лица осомничени за организиран криминал, пренесе Скопје1 повилувајќи се на извори запознаени со истрагата.

Според неофицијалните информации, акцијата е насочена кон организирана криминална група за која постојат сомневања дека подолг временски период дејствувала на подрачјето на Куманово и пошироко, занимавајќи се со изнуда, лихварство и перење пари.
Истражните органи се сомневаат дека припадниците на групата користеле закани, насилство и уцени за да остваруваат противправна материјална корист.
Според информациите на порталот, за организатор на групата се сомничи лице познато под прекарот „Штука“, а меѓу останатите осомничени има и други лица од Куманово.






